Sjömärke – уред на ИКЕА за безжично полнење на мобилен телефон или таблет


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


ИКЕА го претстави „Sjömärke“, уред за безжично полнење таблет или батерија на телефон, кој ќе работи на секое биро.

„Sjömärke“ работи така што не е поставен на масата, туку под масата. Масата мора да биде направена од дрво или пластика за да не го наруши и блокира магнетното поле и мора да биде со минимална дебелина до 22 милиметри.

Кога уредот е поставен под масата, само ставете го телефонот на иксот што го означува местото за полнење и вашиот телефон се полни.

ИКЕА информира дека уредот сам ја контролира температурата за да не се прегрее, што е важно бидејќи се става под дрвена маса.

Овој уред во продавниците ќе може да се купи од октомври и чинат 40 долари.