Актуелно

СЈО со жалба на пресудата за условна казна за Ивона Талевска

Од СЈО поднесоа жалба на пресудата за условна казна за новинарката Ивона Талевска, обвинета во случајот “Тифани”.

Жалбата на СЈО доаѓа по речиси еден месец откако Талевска призна вина, а судот и определни условна казна од две години.

Сега тимот на Катица Јанева предлага за Талевска да се определи ефективна затворска казна, но бара да се зголеми изречената парична санкција.

Со првичната пресуда на Талевска и беше наложено и да ги врати парите. Стануваше збор за даночно затајување во износ од околу 50 илјади евра, што Талевска го правела преку своите фирми.

Advertisements
To Top