СЈО во Телеком?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска влезе во Телеком, откако и по четири обиди не доби судски налог за претрес во рамки на две истраги поврзано со масовното прислушување од 2008 до 2015 година. Тимот на СЈО предводен од обвинителката Ленче Ристоска на пладне влезе во управната зграда на Телеком во Скопје. Нема коментар за целта на посетата, пренесува порталот СакамДаКажам.

Минатата недела беше најавено дека СЈО ќе има средба со членовите на Одборот на директори на македонскииот Телеком од Германија и Унгарија. СЈО тогаш потврди дека откако се соочи со опструкции од претставниците на македонскиот државен капитал во компанијата и од судот кој измислува разни причини за да не даде налог за претрес сега бара согласност за пристап до податоците на операторот, во рамки на отворените истраги за масовно прислушување на граѓаните преку најголемиот телефонски и мобилен оператор во Македонија.

Македонската компанија на Телеком, во кој Дојче Телеком има мнозинска сопственост преку унгарската компанија досега одбиваше да соработува и да ги достави до СЈО податоците кои писмено Катица Јанева ги има побарано веднаш по отварањето на истрагата за прислушувањето.

Ова обвинителство се обидува да влезе во Телеком од 18. ноември лани, кога ја отвори истрагата Таргет за масовно прислушување во Македонија, но Основниот суд Скопје 1 четири пати одбива да му даде судски налог за влез во компанијата.