СЈО: Се прави анализа на запленетите материјали кај Панчевски


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Тимот на Катица Јанева веќе почнал со анализа на одземените податоци од службениот компјутер на Панчевски и на материјалите обезбедни по претресот во неговиот дом. Јанева ниту денеска не откри детали, но ниту потврди ниту негираше, дали Панчевски оддавал државни тајни кај Ѓорѓе Иванов, кој потоа на база на тие информации го составил списокот за аболиција, со сите обвинети и сведоци во случаите на СЈО.

„Тоа воопшто не можам да го потврдам, тоа се шпекулации и само претпставки. Тоа што го баравме и што беше најдено во домовите кај Панчевски го земавме, а дали тоа е се што е потребно, не можам да кажам, не е можно да се каже“, изјави Катица Јанева, Специјално јавно обвинителство

Паралелно со проверка на АКМИС системот, тим на истражители од СЈО заедно со полицијата одзел материјали за потребите на предистражната постапка и од домот на Панчевски и од домовите на двајаца информатичари вработени во судот. Мобилниот телефон на Владимир Панчевски е еден од доказите преку кој ќе се утврдува дали екс-шефот на кривичниот суд местел предмети кај подобни судии. Алсат М неофицијално дознава дека телефонот треба да даде насоки со кого комуницирал Панчевски и на кој начин оддавал службена тајна поврзана со случаите на Специјалното обвинителство.

„Вчера вечерта се прибраа нашите екипи и од МВР. Во врска со претресите денеска се составуваат записници, се што е земено ќе биде доставено до обвинителството и за тоа сме должни по закон да го известиме и судот кој ја издаде наредбата“, рече Јанева

Претресот на СЈО во Кривичниот суд, случајно или не следува, откако судот информираше дека и четвртото нивно обвинение ќе го суди Лидија Петровска, која по бомбите се здоби со епитетот „сваровски“. Таа ќе суди три од четири обвиненија на СЈО, кои беа прифатени од советите на скопска единица. Дека АКМИС системот е злоупотребен, во вториот извештај забележа и германскиот правен експерт Рајнахард Прибе. Вчера паралено со претресот на СЈО во Кривичен, анализа на информатичкиот сиситем во судот, направи и комисија од министерството за правда.