СЈО потврди: Имотот на синовите од Силвана Бонева е замрзнат


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Првиот човек на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, потврди дека е преземена мерката замрзнување на имотот на синовите на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

Кривичниот суд одлучил да го прифати нивното барање и ја потврдил одлуката. Јанева, сепак, не прецизира детали за кој случај и во која постапка е побаран предлогот за забрана за отуѓување.

СЈО лани ја објави испрагата со име „Друмарина“, во која Силвана Бонева зела патни трошоци со прикажување лажни фискални сметки.