СЈО: Подготвени сме веднаш да ги предадеме предметите


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


СЈО е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази. Обвинителството соопшти дека од страна на Јавното обвинителство е доставен допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство.

„Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази. За останатите детали околу примопредавањето ќе известиме дополнително”, се наведува во соопштението.