СЈО побара, а судијата одреди приведување на Камчев како сведок за следно рочиште за „Тортура“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешното судско рочиште за случајот „Тортура“ под ингеренции на СЈО, не се појавија сведоците Метуш Шабани, Орце Камчев, Оливера Трајковска и Иво Котески, поради што рочиштето беше одложено.

Адвокатот на Шабани појасни дека тој има здравствени проблеми, односно болка во коленото и отежнато движење, за што достави медицинска документација.

Во судница не се појавија ниту сведоците Орце Камчев, новинарката Оливера Трајковска и поранешниот портпарол Иво Котески.

Како што истакна судијката Александра Ристеска, Камчев уредно ја примил судската покана, а Трајковска и Котески не ги примиле поканите.

Обвинителот Љубомир Лапе побара за наредното рочиште сведокот Камчев присилно да биде донесен во судот, односно со полиција. Судијката Александра Ристеска нареди Камчев за наредното судење на 5 јули да биде приведен со полиција. , но му остави и можност на Камчев да го оправда отсуството.

Во случајот „Тортура“ еден од обвинетите е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, и тоа за апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.