СЈО одзеде 51 патна исправа: Скоро цел врв од ВМРО ДПМНЕ остана без пасоши


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


51 обвинет од Специјалното јавно обвинителство летово не ќе може да летуваат во странство. Кривичниот суд по барање на СЈО одзеде 51 пасош, и тоа како мерки на претпазливост, а за дел од обвинетите и како алтернативна мерка за мерката притвор, пренесува Макфакс.

Најмногу пасоши се одземени во случајот за изборни измами „Титаник“, 21.
Без пасоши останаа: Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Елизабета Канческа-Милевска, Мартин Протоѓер, Владимир Пешевски, Кирил Божиновски, Сашо Мијалков, Илија Димовски, Драган Павловиќ Латас, Ивона Талевска, Ѓоко Поповски, Горан Грујовски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски, Небојша Стајковиќ, Тони Трајковски.

Сите тие се жалеа за мерките, но судиите им ги одбија жалбите потенцирајќи во одлуките дека со овие мерки се озбедбедува нивно непречено присуство и ефикасност во судските постапки. Во образложенијата на Апелацискиот суд пишува дека мерките на претпазливост ќе траат додека постои потреба, а најдолго до правосилноста на пресудата.