„СЈО ги измешало бројките“: Османи останува на вицепремиерската позиција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вицепремиерот Бујар Османи, чие име е вброено во директните осомничени во случајот „Пациент“ кој е еден од новоотворените случаи на Специјалното јавно обивнителство, изрази подготвеност да соработува со СЈО.

Османи се сомничи за злоупотреба на службената положба и тоа додека бил министер за здравство. Според обвинението имало нерегуларности во постапките за јавни набавки во текот на 2010 година за вршење градежни работи во неколку јавни здравствени установи. Истрагата опфаќа вкупно 15 лица, а меѓу нив е Османи.

„Ќе беше добро да ме консултираат пред да излезе моето име, не бев повикан да дадам мислење, но се надевам дека оваа истрага ќе заврши поскоро со цел да се утврдат фактите. Можеби од многуте случаи на СЈО може да се направат и такви грешки. Компанијата, која добила, е 20 милиони денари поевтина од втората компанија, а било прикажано дека е поскапа. Може да се случат такви грешки и не можам да осудувам дека се направени намерно“, изјави Бујар Османи, вицепремиер за економски прашања.

Премиерот Заев рече дека за новите случаи на СЈО бил информиран од медиумите, но дека не гледа никакво влијание врз собраниските процедури за отворање на уставни измени. Тој рече дека Османи не може да даде оставка од функцијата вицепремиер се додека не се докаже дека е виновен.

Според СЈО, во новите 6 случаи, државниот буџет бил оштетен за околу 80 милиони евра. Во случајот „Подарок“ штетата е 33 милиони евра, а осомничени се екс министрите Зоран Ставревски и Миле Јанакиески. Тие се товарат за злоупотреба на службената положба, заради незаконско доделување на тендер на една руска компанија.

Во случајот „Пропаганда“,меѓу деветтемина осомничени е и Никола Груевски. Лицата се товарат дека преку злоупотреба на службена положба и државни пари формирале злосторничко здружение, со цел јавна пропаганда во корист на ВМРО-ДПМНЕи влијание на уредувачката политика на медиумите.

За случајот „Дизајн“ постои сомнение дека екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и одговорните лица од Комисијата за Јавни набавки, имале придобивка од фаворизирањето на фирмата Јутонг од Кина, потпишувајќи незаконски договор за купување на 202 двокатни автобуси со што го оштетиле буџетот за 5 милиони евра.

Во случајот „Хармонија“ под истрага се екс премиерот Груевски, екс министерот Јанакиески и екс градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски. Осомничените се товарат за злоупотреба на службената положба во текот на 2012 година, присвојувајќи имот во вредност од 1,45 милиони евра, при што се сомничат за злоупотреба на службената положба како со-извршеители за изградбата на Меѓународниот Балкански приватен универзитет во Скопје.

Во предметот „Базни станици“ на СЈО, според доказите во текот на 2011 година, осомничениот Жарко Луковски, тогашен извршен директор на Т-Мобиле Македонија, ја злоупотребил службената положба и овластувања и на АД Бетон Скопје му овозможил заработка од 3,5 милиони денари.

Извор: ТВ21