СЈО ги чешла фирмите од Орце Камчев и „Пелистерка“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Истражните лица на Специјалното јавно обвинителство, утрово, влегоа и почнаа со „чешлање“ на фирмите во сопственост на бизнисменот Орце Камчев, во други фирми кои се во сопственост на повеќе лица, меѓу кои и „Пелистерка“. Претресот е во рамки на истрага поврзана со корупција и финансиски криминал, пренесува МКД.мк.

Судската наредба е за вршење на претрес во седиштето на „Орка холдинг” и други фирми надвор од Скопје.

Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО. За сега е непознати за какви сомневања станува збор.

На 29 август 2016 Камчев дојде на распит во СЈО, но Обвинителството тогаш не кажа во кое својство и за кој случај е повикан.