СЈО денес со нов извештај за сработеното пред Собранието


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Специјалното јавно обвинителство денеска треба да го објави извештајот за работата во последните шест месеци. Извештајот во текот на денот треба да му биде предаден на претседателот на Собранието Талат Џафери и до претседателот на Советот на јавни обвинители, по што треба да биде закажана и собраниска седница.

Во извештајот треба да има повеќе детали за затворените 17 истраги и обвиненија против седумдесетина лица, за мерките барани од судовите за обвинетите функционери, за постапките во однос на обвиненијата, за соработката и попречувањето на истрагите од државните институции и министерствата…