СЈО бара притвор за Канческа, таа си го бара пасошот


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во Апелациониот суд продолжува разгледувањето на жалбите за предметот „Тендери“ во кој првообвинета е поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа Милевска и уште две лица.

За неа и за второобвинетиот СЈО бараше притвор, а за третообвинетиот мерки на претпазливост, одземање на пасошот и еднаш неделно јавување во судот.

Кривичниот суд на сите им ги одзеде пасошите поради што и СЈО и Канческа Милевска ја обжалија ваквата одлука. СЈО и понатаму бара притвор, а поранешната министерка си го бара пасошот назад.

Во случајот „Титаник“ одбиени се сите жалби на СЈО за определување притвор за поранешниот премиер Никола Груевски, ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексшефот на Кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски.