Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вторник, како и понеделник, ќе започне со врнежи уште во раните утриски часови во западниот регион. Но, вторник ќе биде доста поврнежлив во однос на понеделник. Ова пред се важи за западниот крај, каде врнежите ќе бидат застапени наутро, па потоа повторно попладне, кога ќе бидат нешто поинтензивни.
Врнежите генерално ќе бидат позачестени попладне и во северната половина од земјата.
Во ноќта кон среда врнежитеќе бидат поинтензивни во јужниот дел од земјата.
Ќе дува умерен, локално и засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура воглавно ќе биде во границите помеѓу 5 и 8 степени низ котлините.
Температурата ќе има тренд на „благо“ снижување и истата ќе има максимална вредност во дијапазонот од 13 до 16 степени. Постудено ќе биде на повисоките места, каде максималната нема да надмине 5 Целзиусови.
Скопскиот крај очекува облачно време со повремен дожд, кој повеќе го очекуваме попладне. Температурата ќе има минимална вредност околу 8, а максимална до 14 степени.