Сив и дождлив прв декемвриски ден


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првиот декемвриски ден во Македонија носи облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег каде снежната покривка ќе се зголеми. Наместа и особено во јужните делови врнежите ќе бидат пообилни.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 4 до 9 Целзиусови степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 6 степени. Маврово 2, Охрид 7, Битола и Крива Паланка 5, Берово 4, Кавадарци 7, Дојран 9.

Утре и задутре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а од недела ќе има локални врнежи од дожд.