Home Вебкафе Ситуација на плажа: „Половина час те чекаме да донесеш кафе“

Ситуација на плажа: „Половина час те чекаме да донесеш кафе“

Во време на летниот период, на социјалните мрежи редовно се споделуваат секакви ситуации кои на летувалците им се случуваат на балканските плажи. Една таква приказна доаѓа од една плажа во Црна Гора.

Ситуацијата ја пренесува еден Твитер корисник, а оди вака:

Две девојки седат во кафуле на плажа и повеќе од половина час ги чекаат нарачаните кафиња. Кога келнерот конечно се појавува со нарачката, тие отворено му го изразуваат нивното незадоволство од услугата.

„Мислам, стварно, пола саат те чекаме за едно кафе“, му вели една од девојките на келнерот.

А типот, Црногорец, ја прекинува и подготвено враќа: „Те чекав и јас тебе десет месеци да дојдеш да го испиеш“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

10 неверојатни, но вистинити факти за среќата

10 НЕВЕРОЈАТНИ, НО ВИСТИНСКИ ФАКТИ ЗА СРЕЌАТА За некои луѓе, среќата е прилично едноставен…