Сити започна преговори со ѕвездата на Тотенхем


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити започнал преговори со Тотенхем за трансфер на десниот бек Кајл Вокер.

Иако Тотенхем до сега ги одби сите понуди кои пристигнаа за Кајл Вокер, сепак Пеп Гвардиола не се откажува од намерата да го донесе десниот бек на „Етихад“.

Имено, раководството на Манчестер Сити стапило во контакт со агентите на англискиот репрезентативец, а медиумите тврдат дека „граѓаните“ се спремни овој пат да понудат повеќе од 40 милиони фунти.

Вокер пред неколку месеци потпиша петодишен договор со „спарси“, па Тотенхем не е под притисок да го продаде играчот.

Сепак, доколку Вокер настојува да се пресели на „Етихад“, тогаш вицешампионот ќе бара минимум 45 милиони фунти за неговата слобода.

Покетино пред крајот на минатата сезона често го користеше Трипие како десен бек и тој одговори со одлични партии, па тоа е знак дека Тотенхем веќе има замена за Вокер.