Сити на колена во Лондон – Ливерпул е новиот шампион на Премиер лигата


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синоќа Премиер лигата го доби новиот шампион. Откако Манчестер Сити беше поразен на „Стенфорд Бриџ“, Ливерпул и официјално после цели 30 години ја освои титулата.

„Граѓаните“ уште од самиот старт го контролираа натпреварот и создаваа шанси, но Челзи прв успеа да стигне до водство.

Кристијан Пулишиќ пресече една топка на средината на теренот и со одличен пробив му донесе водство на Челзи, а со тој резултат се замина на одмор.

На самиот старт на вториот дел следуваше „магија“ на Де Брујн. Белгиецот го постигна еден од најубавите голови сезонава од слободен удар.

Во 77-та минута Фернандињо со рака играше пред гол линијата, па судијата му покажа црвен картон и досуди пенал, а сигурен реализатор беше Вилијан.

Со овој резултат Ливерпул и математички ја обезбеди титулата и се најде на врвот на Премиер лигата после цели 30 години, па „Црвените“ уште вчера вечер го започнаа славењето на новиот трофеј.

Во текот на целата сезона Ливерпул доминираше, меѓутоа пандемијата со коронавирусот донесе мала неизвесност, постоеше можност се да се поништи и да нема шампион. Меѓутоа од вечерва е официјално и во Ливерпул се слави.

Јирген Клоп преку „Скај Спорт“ уште синоќа порача: Ова е за вас драги навивачи!