Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Веќе добро позната е намерата на Лионел Меси после одработувањето на договорот со Барселона кариерата да ја заврши во Аргентина во Њуелс Олд Бојс, но дали нешто може да се промени?
Од Каталонија пристигнуваат информации дека новата франшиза, Интер Мајами зад која стои Дејвид Бекам спрема понуда која Лео не би можел да ја одбие.
Според информациите Бекам е спремен да му понуди вистинско богатство на Меси за тој да заигра за неговиот тим.
Франшизата ќе стартува во МЛС лигата во 2020 година и наводно Бекам тогаш ќе се обиде да го привлече Меси на Флорида, но иако такви се најавите не изгледа реално Меси да ја напушти Барса пред истекот на договорот (2021).
Бекам како што повеќе пати истакнуваше е цврсто решен од Мајами да направи најпопуларен клуб во САД и да го превземе приматот од Лос Анџелес.
Како и да е сето ова сега е во фаза на идеја и сигурно дека на никого, па и на Бекам нема да му биде лесно да го убеди Меси да заигра за неговиот тим.