Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Адел Смит буквално врз своја кожа научила дека некои одлуки, сепак, треба да се донесуваат разумно, а не само со емоции.
Социјалната работничка од Лестер, Велика Британија, после смртта на своето куче Макс, одлучи на своите гради да ги истетовира отисоците од неговите шепи со што засекогаш ќе остане во нејзино сеќавање, пренесува Mirror.
Отисоците од шепите на Макс, високи 20 см и широки 8 см, неа ја чинеле вкупно 225 евра.
Но, Адел брзо зажалила за својата одлука на таков начин да го овековечи споменот за Макс, бидејќи, како што тврди, машките почнале да избегнуваат да излегуваат со неа, а го заработила и прекарот „Цицките со шепи“
„Сум немала љубовна врска откога ги направив тетоважите, пред десет години. Луѓето ниту ме гледаат, ниту започнуваат разговор со мене, и сето тоа поради моите цицки. Тетоважите ги направив за да се сеќавам на Макс кога и да ги погледнам, а сега само гледам каква голема грешка сум направиал“, вели таа.
Тетоважите ги направила кога имала 18 години и првично била воодушевена.
„Сите на факултет ме знаеја по моите тетоважи, но наскоро почнав да добивам непријатни коментари. Тетоважите беа првото нешто што луѓето го забележуваа на мене. Сите се вртеа околу моите гради и тетоважи“, објаснува Адел.
Наскоро после тоа почнала да носи затворени маички, а својата лоша среќа во љубовта, исто така, ја припишува на тетоважите.
„Тие ми ја уништија самодовербата. Сигурна сум дека поради нив последниве десет години не успеав да имам ниту една љубона врска подолга од еден месец. Мажите добиваа погрешна слика за мене. Тетоважите им даваат впечаток дека сум лесна женска“, се жали оваа девојка.
Адел неодамна започна со ласерско отстранување на тетоважите кое ќе трае 18 месеци и ќе ја чини 1.100 евра.