Сите видоа што правеше тој „кај неа меѓу нозе“, сега таа има оправдување за тоа


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Двајцата вработени во ланецот маркети Tesco беа фатени како имаат секс на работно место (поточно, како типот орално ја задоволува девојката). Сите детали од овој скандал кој привлече големо внимание на интернет, сега полека почнуваат да излегуваат на површина.

Кејтлин Кирби (19) и Невил Фокс (35) беа фатени во компромитирачка ситуација, откако еден тинејџер ја сними нивната секс акција на работно место. Меѓутоа, оваа девојка сакаше јавно да проговори за овој инцидент, откако ја нарекоа растурачка на бракови, бидејќи Невил има долгогодишна врска со друга жена (54).

Таа за The Sun објасни дека во оваа врска се впуштила после неколку недели флертување. Истакна дека Невил и’ рекол дека тој и неговата долгогодишна партнерка се разведени.

„Сето тоа се случи само по себе. Тој го направи првиот потег, а јас се согласив на тоа, цеосно губејќи контрола. Цел свет виде што се случи потоа“, објаснува Кејтлин.

Таа смета дека Невил, како повозрасен и поискусен маж, требало да постапи подобро во оваа ситуација и да не се впушта во такво нешто, но од друга страна, истакнува дека и таа требало да биде попаметна.

Вели дека се чувствува лошо поради партнерката од Невил, што за жал без да сака беше вовлечена во оваа драма. После сето тоа што се случи, таа упати извинување до партнерката од Невил, но и до компанијата во која работи од 16 години.

Секс снимката од нив двајца експресно се споделуваше на социјалните мрежи. Кејтлин откри дека еден ден, кога отишла на работа, нејзините колеги ја известиле за гласините поврзани со нејзините „валкани“ игри со Невил.

„На почетокот не знаев дека тоа е вистина, додека на крајот од смената не ми ја покажаа снимката. Бев толку понижена“, изјави таа.

Кејтлин вели дека скандалот кренал толкава прашина, што таа сака да побегне во Бразил. Нејзиното семејство е поделено во врска со оваа ситуација. Нејзините родители, разбирливо, беа шокирани, а нејзината сестра ја нарече Кејтлин „Ким Кардашијан од Норич“.

Невил одби да даде изјава за медиумите во врска со овој скандал. Истакна дека не е отпуштен од работа и дека ја чека одлуката од компанијата. Британските медиуми пренесуваат дека неговата партнерка ги избришала сите нивни заеднички фотографии од социјалните мрежи.