Сите велат дека се знае кој е, а МВР уште трага по убиецот на Јанушев


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од МВР соопштуваат дека имаат осомничено лице по кое се трага, како и уште едно лице кое се бара поради наводно помагање на осомничениот убиец на Мартин Јанушев кој беше убиен на улицата Владимир Комаров во Скопје.

Од ресорното министерство пренесуваа дека се обезбедени сведоци и ги преземаме сите мерки за пронаоѓање на осомничениот за убиството на 28-годишниот фудбалер Јанушев.

Убиството се случи во петокот вечерта околу 18 часот на улицата „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром кога Јанушев излегувајќи од зградата каде што живее беше застралан во главата со неколку куршуми.

Очевидци го препознале убиецот, идентитетот веднаш го кажале на полицијата, но оттогаш тој е во бегство. Неофицијално, се работи за лицето Р.Т., човек од скопското подземје за кого полицијата има дебело досие. Се објавија и информации дека наводниот убиец бил пуштен на викенд од издржувањето на затворската казна за трговија со наркотични средства.

Но, официјално од МВР не се откриваат детали од истрагата. Нема потврда ниту чие било оружјето најдено на местото на убиството. Се чекаат резултатите од вештачењата и обдукцијата, снимките од безбедносните камери и податоците од мобилниот телефон на Јанушев.

Мартин вчера беше погребан. Тој беше фудбалер на клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.

Неговиот брат е командир на вод во полициската единица „Алфа”, а неговиот татко е пензиониран полициски командир.