Сите цигари се штетни, но ОВАА Е НАЈОПАСНА!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Докажано е дека циграите се штетни за здравјето на човекот, иако секој организам различно реагира на нивното влијание и тука нема дилеми.

Сепак, утринското пушење, дефинирано како палење цигара во првиот половина час после будењето, е навика која го зголемува ризикот за рак на белите дробови за високи 79 насто во споредба со палењето на првата цигара еден час подоцна.

Лицата кои веднаш штом се разбудат палат цигара имаат значително поголеми шанси и ризик за заболување од неколку опасни и смртоносни болести, велат научните истражувања. Поради тоа, ако веќе пушите, размислете кога ќе ја запалите првата цигара во денот.

Точната причина за ваквото зголемување на ризикот од заболувања уште не е позната, но истражувачите сметаат дека главна причина е тоа што лицата кои штом се разбудат веднаш палат цигара се позависни од цигарите отколку другите пушачи.

„Овие пушачи имаат значително повисоко ниво на никотин и други токсини од тутунот во своето тело и повеќе се навлечени на цигари, бидејќи не можат да издржат ниту еден час после будењето за да запалат цигара. Исто така, тие пушат со значително поголем интензитет и поради тоа вовлекуваат повеќе дим во белите дробови, со што се изложуваат на поголемо количество на канцерогени материи“, смета доктор Џошуа Мускат од „Пен Стејт“ медицинскиот колеџ во изјава за Time.