Сите тие ни се браќа и сестри: Ватикан наскоро треба да го објави постоењето на вонземјани


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе неколку пати беше најавено дека Ватикан се подготвува да му објави на светот дека почнува со подготовка за средба со вонземјаните. И има сè повеќе докази дека муабетот не е измислување.

Се шират гласини дека Ватикан знае многу повеќе за вонземскиот живот отколку што ги наведува верниците и остатокот од светот да веруваат и има тајни за вонземјаните кои планира да ги открие на конференција за новинари во некој од наредниве месеци, тврдат од Disclose.tv.

Во статијата се цитира фра Хосе Габриел Фунес и братот Гај Консолмањо, и двајцата од ватиканската опсерваторија (Specola Vaticana), образовна институција за астрономски истражувања која е поддржана од Светиот Стол.

Овие денови постоењето на вонземскиот живот, популарно наречен вонземјани, веќе никој не го отфрла како претерување на бујната фантазија. Експертите досега не се замараа премногу за потврдување или негирање на вестите кои се пласираа за забележување на неидентификувани летечки објекти, меѓу другото, и на фотографии објавени од НАСА.

Но, дури и астрономите од католичката црква, истата она која во 1633 година го оцрни и затвори Галилео Галилеј поради „верување во лажна наука, на која некои подучуваат, дека Сонцето е центар на вселената и неподвижно и дека Земјата е таа која се врти. И тоа секој ден“, признава дека е можно постоење на вонземски живот.

Во последните неколку години отецот Фунес, кој магистрираше астрономија на Националниот универзитет во Кордоба и во Аргентина, даде изјави во кои ја призна можноста за постоење на вонземски живот.

Во 2008 година, откако Кеплер, моќниот телескоп од НАСА, откри дека на 1.400 светлосни години од Земјата постои планета слична на нашата, директорот на Ватиканскиот планетариум за L’Osservatore Romano напиша:

„Меѓу милијардите галаксии, во кои има милијарди ѕвезди, од кои некои сигурно имаат и планети, можно е да има уште некоја планета на која евоулирал живот како на Земјата“.

„Откритијата на нови планети од страна на Кеплер ја оживуваат идејата дека контакт, а зошто да не и средба, со вонземски интелигентни суштества од вонземска цивилизација се можни да се случат во блиска иднина“, напиша тој.

„Откривањето на интелигентен вонземски живот не значи дека постои уште еден Исус. Отелотворувањето на Синот Божји е единствен настан во историјата на човештвото и вселената“, додава тој.

Ватиканскиот планетариум се занимава со истражување на небото и вселената од 1852 година. Теоретичарите на заговори веќе долго тврдат дека меѓу ватиканските тајни една од најголемите е постоењето на напреден живот некаде на страна од Земјата, а дали посакуваната објава навистина ќе се случи, останува да покаже иднината.