„Сите сме мигранти“: Првите модерни Британци изгледале ВАКА


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Првиот модерен Британец имал темна кожа и сини очи, објавија научниците во средата после ДНК анализите на примероци од остатоците на човек кој живеел пред десет илјади години.

На предокот познат како „Човекот од Чедар“, наречен според село на југоистокот од Англија во чија близина се наоѓа пештера во која во 1903 година беа пронајдени неговите коскени останки, му беше вдахнат нов живот преку први целосни ДНК анализи на пронајдените останки.

Промена на сознанието за Британците

Во заеднички проект на Британскиот природонаучен музеј и Лондонскиот универзитет, научниците направија два милиметри длабока вдлабнатина во неговиот череп и изглекоа примерок од коскената срж за анализа. Резултатите ја променија досегашната проекција за човекот од Чедар која отсликуваше човек со светла боја на тенот и кафена коса.

„Изненадувачко е сознанието дека Британците пред 10.000 години можеле да имаат мнјогу сини очи и многу темна кожа“, вели Крис Стрингер од природонаучниот музеј.

„Сите сме мигранти“

Откритието сугерира дека светлата пигментација била дел од народите на северот од Европа многу порано отколку што се мислело. Племето на човекот од Чедар стигнало во Британија на крајот од последното ледено доба, а неговата ДНК поврзана е со поединци откриени на територијата на денешна Шпанија, Унгарија и Луксембург.

Научникот Алфонс Кенис вели дека резултатите од ДНК анализата се револуционерни. „Тоа е приказна за миграциите низ историјата“, вели тој. „Можеби тоа ќе ни ја смени перцепцијата дека луѓето од одредени области мора да имаат одреден изглед. Сите ние сме мигранти“, заклучува тоја.