Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Кога на еден релативно потесен простор ќе ви се соберат 100.000, логично е дека степенот на претпазливост ќе биде кренат на максимално ниво. Особено кога станува збор за настан од елитни размери.
Таков ќе биде случајот и со свадбата на принцот Хари и Меган Маркл, на која британската полиција секој од гостите ќе го третира како потенцијален терорист или лице кое кралското семејство го доживува опсесивно.
Меѓу мерките кои ќе бидат преземени се бариерите за сопирање на нападите со автомобил, вооружени патроли и безбедност каква што се спроведува на аеродромите.
„Тоа е вистински предизвик”, изјавил Боб Бродхурст, поранешен полицаец, кој бил задолжен за безбедноста на свадбата на постариот брат на Хари, Вилијам.
„Невозможно е да се претресат 10.000 луѓе, кои сакаат да бидат на улиците, било кој од нив би можел да биде потенцијален терорист”, рекол тој.
Хари и Меган ќе се венчаат на 19. мај во замокот Виндзор, на околу 30 километри западно од Лондон.