Сите сакаат да го живеат животот на Елон Маск, дури не видат еден негов работен ден


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Елон Маск со сигурност е еден од најинтересните и најважни ликови на нашето време. Основачот на Tesla и Space X работи двојно повеќе отколку било кој друг просечен човек и секоја минута од неговиот ден е испланирана.

Имајќи во предвид дека е основач и шеф на двата гиганти, Маск балансира, но сето свое време го посветува на своите иновации. Работи 16 часа дневно, речиси секој ден.

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Business Insider собра информации од неколку негови интервјуа, за да долови како отприлика изгледа еден работен ден на Елон, нешто кое ретко кој може да го издржи.

Станува во 7 часот, после точно 6 часа спиење. Обично го прескокнува доручекот, а ако одвои пет минути за тоа, јади омлет и пие кафе. Единствен ритуал кој никако не го прескокнува е туширањето, кое го смета за најважен дневен ритуал.

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

После будењето, не престанува да работи и кај него нема пауза во должина од еден час. Маск прави кратки паузи од по пет минути, а паузата за ручек ја користи за состаноци со клиентите за да не губи време. Во понеделник и петок Елон е во Space X, а во вторник, среда и четврток е во Tesla.

Според некои проценки, Маск поминува 42 работни часа неделно во Tesla, а 40 работни часа во Space X. Недела е ден за патувања, а во сабота е во Space X или се дружи со петте свои сина.

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

И додека е со децата – работи. Во една прилика изјави дека најважно во животот му е сознанието дека истовремено може да биде на е-меил и со децата.

Маск мрази телефони, а комуникацијата со деловните партнери ја врши преку е-меил. Често користи опскурни меил адреси, бидејќи неговите официјални меил адреси се бомбардирани со спамови кои не го интересираат.

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Додека еден просечен човек пие кафе, гледа телевизија, трачари или едноставно не работи ништо, Маск работи на своите идеи или смислува нови. Иако „тежи“ над 20 милијарди долари, не престанува да работи. Неделно во просек работи од 85 до 100 часа, а си легнува во 1 часот навечер.

Она малку слободно време Маск го поминува читајќи. Обожава да чита биографии, но и „Господарот на прстените“. Во однос на храната не е некој пример за здрава исхрана, имајќи во предвид дека обожава Кока Кола, скара и помфрит.