Сите продавници под клуч: Топшоп затвора во САД!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Славниот и култен британски моден бренд Барбери најави дека ќе ја затвори секоја десетта продавница во светот.   Од друга страна, една од најпопуларните хај-стрит компании Топшоп, објави дека планира да ги затвори сите свои продавници во САД.

Откако Барбери забележа голем број деловни неуспеси, како што е пад на приходите од продажба, но исто така и губење на кинескиот пазар, сега реши да го подига својот бизнис на ново ниво. Тој луксузен бренд, со ново раководство и дизајнери, ќе понуди супер луксузни производи и ќе се приближи до конкурентите како што се Гучи и Диор.

Покрај затворањето на продавниците, според Гардијан, некои од нив ќе бидат трансформирани во луксузни дестинации за најбогатите, а во нив треба да се најдат нови дизајнирани производи кои ќе чинат повеќе од 2.000 фунти.

Како дел од новата стратегија, оваа 100-годишна модна компанија досега ја затвори вратата за своите продавници во Бразил и Шпанија.

Сопственикот на групата Аркадија, во чија сопственост е Топшоп, рече дека затворањето на сите продавници во САД е „тешка, но неопходна одлука” и дека тие во моментов се борат со „менување на навиките на потрошувачите и силна конкуренција на онлајн продавници”.

Топшоп моментно е во долгови од 179 милиони долари, а неодамна поднесе барање за заштита во случај на стечај.

Освен во САД, 23 продавници на Топшоп ќе бидат затворени и во Велика Британија и Ирска, но нивната облека се уште ќе може да се купи онлајн.