Сите примероци на Mercedes AMG G65 вратени од САД – биле премногу брзи во рикверц


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


6,0-литарскиот V12 мотор е доволно моќен и експлозивен за и од теренски „мастодон“ како Mercedes AMG G65, кој тежи околу 2.700 килограми, да направи машина која нема да има проблеми со брзината, дури и кога се движи во рикверц.

Поточно, токму претераната брзина на овој теренец во рикверц, му прави проблеми на возилото, поради што автомобилскиот гигант Мерцедес ги отповика сите 20 примероци на AMG G65 кои ги продале во САД бидејќи големата брзина бри движење наназад може да доведе до превртување на автомобилот.

Според соопштението на американската Национална администрација за безбедност во сообраќајот Г-класата има погрешен софтвер за ограничување на брзината при движење во рикверц, па поради наглите поместувања на воланот при брзина поголема од 25 км/ч, возилото може да стане нестабилно.

За да го исправи проблемот, германската компанија ги повлече 20-те возила во САД на кои ќе им го апдејтира споменатиот софтвер.

Мерцедес АМГ Г65 има 630 коњски сили и 991 њутнметри вртежен момент, што овозможува забрзување за 5,1 секунда од 0-96 км/ч, иако е 400 килограми потежок од новиот Г63 и двојно потежок од многу помалиот ГЛА.

Овој модел е и еден од најскапите на пазарот со цена од околу 200.000 долари во САД.