Сите на точак: Еве зошто и колку е корисно одењето на работа со велосипед


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ако сакате да живеете подолго и да го намалите ризикот од рак и срцеви болести, тогаш на работа треба да одите со велосипед, покажа едно ново британско истражување.

Студијата покажа дека возењето велосипед двојно го намалува ризикот од рак и срцеви болести.

Петгодишната студија во која учествувале околу 250.000 Британци покажа дека и одењето има одредени предности во однос на седењето во јавниот превоз или возењето автомобил.

Истражувачите истакнуваат дека возењето велосипед престанува да биде прашање на волја тој момент кога ќе стане дел од работната рутина. Студијата ги споредува луѓето, кои биле активни и тие кои седеле кога оделе на работа.

Вкупно 2.430 испитаници починале, 3,478 се разболеле од рак и 1.110 имале срцеви проблеми.

Меѓутоа, студијата покажала дека редовното возење велосипед го намалува ризикот од смрт од која било причина за 41 отсто, ризикот од рак за 45 отсто и ризикот од срцеви болести за 46 отсто.

Испитаниците во просек возеле околу 45 километри неделно, а колку повеќе користеле велосипед, толку станувале се поздрави. И пешачењето го намалува ризикот од срцеви болести, но само ако луѓето одат над девет километри неделно.

Здравствени предности оствариле и тие кои го комбинирале јавниот превоз и возењето велосипед, стои во студијата објавена во списанието British Medical Journal.