Сите му гледаат во грб: Тој е далеку пред Иниеста, Модриќ, Крос…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Францускиот дефанзивец Самуел Умтити минатата сезона пристигна во Барселона од Лион за 25 милиони фунти и за кратко време покажа дека се работи за одличен фудбалер кој ќе биде големо засилување за Каталонците.

Умтити брзо се зацвртски во првиот тим и стана незаменлив во одбаната на Барселона, па оваа сезона одигра 14 натпревари.

Сепак, малку кој очекуваше дека Французинот ќе биде прв кога се однесува до додавањата. Имено, Умтити во досегашниот дел од сезоната имал дури 732 додавања, што е најмногу во Ла Лига, а уште поинпресивен е следниот податок.

Умтити има неверојатен процент од 91% успешни додавања, па така позади себе ги остави соиграчите од Барса кои доминираат во овие параметри, тоа посебно се однесува на Бускетс и Иниеста.

Исто така, во грбот на дефанзивецот на Барса гледаат и играчите на Реал Мадрид, како Тони Крос и Лука Модриќ.

Навистина одлични партии на дефанзивецот на Барса, кој сепак е во сенка на големите ѕвезди од каталонскиот тим.