Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нему му е потребна женската искреност, можноста за брзо делење, моќта на организирање, проценливост, мултитаскинг…
Вистина е дека секој маж се врти по згодна и убава жена, но тоа не значи дека би сакал да биде во врска со неа или да ја ожени. Повеќето жени мислат дека момците бараат само убави и згодни и дека некоја таква прва би ја повикале на состанок. Теоријата и праксата докажуваат дека тоа баш и не е така. Социологот, Ентони Амбросио, открива што мажите всушност сакаат да пронајдат во жените. На неговата листа од работите ниту една не е изглед.
Специфичност
Вистинската убавина не доаѓа од надвор. Да се биде убав не значи каква личност сте одвнатре. Амбросио вели дека запознал неколку жени кои изгледаат совршено, но карактерот им е валкан како бетон во подземната железница во Њујорк. Момците сакат жената да биде своја и да покаже каква е всушност. Тие во жените бараат можност да се потпрат и затоа мораат да се уверат дека во потполност се свои.
(Само) Почит
Начинот на кој се претставувате пред светот зборува многу за тоа каква всушност личност сте. Доколку се почитувате себеси, својот простор и време, тоа за момчето е сигнал дека ќе го почитувате и неговото. Исто така, зрелоста да се застане зад своите дела и постапки е многу почитувана карактеристика меѓу момците.
Приврзаност
На момците физичкиот контакт им е многу важен, за нив се започнува со допир. Жените кои својата наклонетост ја манифестираат низ допир, прегратка, стискање на момчето се наклонети, тврди социологот Амбросио.
Интелегенција
Што всушност значи да се биде интелегентен во овој случај? Луѓето веќе долго интелегенцијата ја толкуваат различно и широко. Кога ја бараат во жените, момците всушност сакаат да пронајдат т.н. естрогенска интелегенција. Бараат женска искреност, можност за брзо делување, моќ на организација, проникливост, мултитаскинг. Се она што меѓу жените е добро познато, а на момците им бега поради хормонската распределба. Момците навистина сакаат жена која сака да биде успешна, но единствена грижа не и е купување и полнење на торби со парчиња од последна мода.
Самодоверба
Жената која се сака себеси, задоволна е со себе и се соочува со своите недостатоци ќе го сака и својот маж. И овојпат не станува збор само за самодоверба поради излгед, туку и силен карактер. Животот денес е тежок и секој ден е нова битка. Поради тоа, на момците им е важно во жената да пронајдат некој на кој можат да се потрпрат, а само личноста која има самодоверба тоа може и да биде.
Амбиции
Момците сакаат кога тие се грижат за своето семејство. Но еднакво им е важно во тоа да се вклучи и жената. Момците не сакаат сите одлуки да ги носат сами. Сакаат жена визионер која ќе им биде човек на кој можат да се потрпат, да им бидат поддршка и реален критичар. Момците во жената исклучително ја почитуваат онаа амбиција која нив и реално не ги интересира, но ја исполнуваат самите жени. Жените кои не се стремат кон ништо често се одбивни кај мажите.
Скромност
Скромноста не мора нужно да се манифестира во материјална смисла. Да се умее да се троши пари е исто така доблест која момците ја бараат во жената. Дрскоста во било кој вид одбива од старт. Начинот на кој се однесувате кон келнерот, просјакот, животните, околината воопшто е важен за мажот. За нив низ историјата била резервирана галамата, па за жените е наменета и пораката – тивката вода брег рони.