Сите мислат дека ова ги топи килограмите, а всушност тоа уште повеќе ве здебелува


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Самото вежбање, без здрав режим на исхрана, не е доволно за да ослабите или да ја одржувате посакуваната телесна тежина, сугерира неодамнешната студија. Резултатите од истата се спротивност на идејата дека за епидемијата на дебелеење која го тресе современото општество е виновен недостатокот на физичка активност, вели Лара Дагас од универзитетот во Чикаго.

„Кога станува збор за откривање на причините за дебелеење, важно е да се гледа и внимава што јадат луѓето. Претходните истражувања дебелеењето го поврзуваа со конзумирањето висококалорична храна и засладени пијалоци“, вели Дагас.

Некои од вежбањето се здебелуваат

Времето кое луѓето во текот на една недела го поминуваат во теретана нема никакво влијание на контролирањето на тежината. Всушност, додека некои кои во текот на две години вежбале многу повеќе од другите, во тој период се здебелиле, а додека други, кои вежбале помалку во истиот тој период, ослабеле, пренесуваат резултатите од истражувањето. Физичката активност не е сама по себе доволна за превенција од здебелување и зголемување на килограмите.

Во истражувањето беа следени над 1.900 луѓе во Америка, Гана, Јужна Африка, Јамајка и Сејшелите. Им било препорачано да вежбаат најмалку 2,5 часа неделно. На почетокот од студијата, оние испитаници од Гана имале најмала телесна тежина, додека Американците биле најдебели. На крајот од истражувањето, после две години, научниците востановиле дека луѓето кои ги следеле упатствата за неделното вежбање поверојатно е дека накачиле нешто на килограмите, за разлика од оние кои не ја следеле принципиелно програмата за неделно вежање.

Добро е да се потенцира дека тоа накачување на килграмите не е на принцип на зголемување на масното ткиво, туку на зголемување на мускулната маса, што само по себе не е штетно. Сепак, факт е дека треба да се прави рационален компромис и во зголемувањето на мускулната маса, доколку ви се важни и килограмите и послабиот физички изглед.

Зголемен апетит и мускулна маса

Мажите од Америка кои вежбале колку што треба, се зделебиле за еден килограм годишно, додека оние кои не вежбале по режим, симнале еден килограм просечно. Последицата на негубењето на килограми, или па дури и зголемувањето на истите, била присутна во сите земји кои учествувале во истражувањето. Причините за тоа, освен она со зголемувањето на мускулната маса кое додава на телесната тежина, веројатно се и зголемениот апетит поради вежбањето и консумирањето поголемо количество храна поради тоа.

Нормално, тоа не значи да го избегнувате вежбањето, кое со себе носи серија клучни здравствени придобивки, како намалување на ризикот од срцеви болести, дијабетес и карцином, подобрување на расположението и менталното здравје. Напротив, вежбањето е препорачливо да биде дел од вашата секојдневна физичка активност, само, комбинирано со здрав режим на исхрана и без претерување со конзумирање на нездрави намирници и производи во исхраната.

За крај, советот би бил комбинација од древната вистина „Во здраво тело – здрав дух“, со онаа дека само умереноста е вистински добитната мерка. Како во јадење, така и во вежбање.