Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во повеќето домаќинства тоалетната хартија е единственото нешто за кое секогаш се води најголема сметка постојано да го има, но експертите сега предупредуваат дека таквиот начин на одржување на хигиена не е најздрава опција.
Според нив, класичната тоалетна хартија не го брише и чисти во целост, туку остава нечистотија која може да предизвика голем број инфекции, а може да доведе и до оштетување на околното ткиво и кожата.
Многу поздрава варијанта користат жителите на Јапонија, Италија, Грција и други, кои после вршење на големата нужда аналниот отвор го мијат во биде.
Уште едно решение понуди и актерот Вил Смит, кој наместо класична тоалетна хартија користи влажни марамчиња (но, други експерти ќе ви кажат дека и тоа не е баш најздрава опција).
„Еве зошто треба да користите влажни марамчиња. Обидете се да размачкате чоколадо по дрвен под, па пробајте да го избришете со сува крпа. Нема да биде успешно бидејќи чоколадо ќе остане меѓу пукнатините. Затоа е важно да набавите влажни марамчиња“, изјави тој за Elle.
Со него се сложува и актерот Теренс Хауард, кој тврди дека не им верува на жените кои користат сува тоалетна хартија.
„Ако се бриши со сува хартија, значи не се чисти како што треба. Тоа едноставно е нечиста навика. Кога ќе појдам кај некои жени и ќе видам дека имаат само тоалетна хартија во ве-це, ги предупредувам на тоа“, додава тој.
Освен хигиенските проблеми, бришењето со тоалетна хартија може да предизвика и гребаници, па дури и хемороиди, а ако се бришете од задната страна кон напред, сите бактерии ги пренесувате натаму, па може да закачите и уринарна инфекција, предупредува Daily Mail.