Сите ја знаете преработката „Lipe cvatu“ од Бјелго Дугме, но дали го знаете оригиналот?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Веројатно повеќето од помладите генерации не ни чуле за Бисера Велетанлиќ. Но, оние повозрасните сигурно го паметат гласот на една од најдобрите џез вокалистки и едно од најголемите имиња на музичката сцена од бивша Југославија.

Е, токму со нејзиното име е поврзана оригиналната верзија на „Lipe cvatu“ од Бјело Дугме. Станува збор за песната „Šta Ću Nano, Dragi Mi Je Ljut“. Не, првоспоменатата не е ниту плагијат, ниту крадена верзија на оригиналот. Оригиналот „Šta Ću Nano, Dragi Mi Je Ljut“ е авторско дело на Горан Бреговиќ, кој ја напишал и искомпонирал токму за Бисера.

Подоцна, Брега, со модифициран наслов и текст, истата ја приспособува за потребите на „Бјело Дугме“, а ја отпеа популарниот Младен Војичиќ Тифа.