Сите им се смееја на момците од фотката со „лудата забава“ – ДОДЕКА НЕ ДОЗНАА КОИ СЕ


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фотографијата која предизвика шегување и подбивање на големо на социјалните мрежи со „лудата журка“ (како што на шега ја викаа атмосферата од истата) и момците кои се на неа, стана хит на интернет.

Но, позадината која се крие зад оваа сцена ќе ве замисли дали би им се смееле и шегувале откако ќе дознаете кои се фаците на фотографијата.

Сликата е направена во полското село Звардоњ, каде што победниците на полскиот натпревар по математика се подготвуваат за меѓународна Олимпијада по математика.

Томаш Чајка (втор од лево кон десно) работи во вселенската компанијата на Илон Маск SpaceX. Тој го програмирал системот за управување на ракетата Falcon Heavy, која го однесе во Вселената автомобилот Тесла.

Петр Притицкиј (втор од десно кон лево) е професор на Универзитетот Мекгил во Канада.

Марчин Петриковски (најдесно) работел на Вроцлавскиот универзитет, а потоа станал партнер во финската компанија Tieto.

За Јан Пелц (најлево) е познато само тоа што во 1997 и 1998 година тој победил на Олимпијадите по математика.