Сите го читаат: Писмото на Роналдињо напишано за самиот себе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот Роналдињо Гаучи денес за „The Player’s Tribune“ си напиша писмо самиот себе. Тој ја испрати целата своја кариера во текстот, и откри до сега непознати погледи за животот и за својата кариера.

„Таму каде што живееш, во Порто Алегре има многу банди и дрога. Ќе ти биде тешко, но се додека играш фудбал, на улица, во паркот и со своето куче ќе бидеш сигурен. Да, со своето куче бидејќи е одличен голман“, пишува Роналдињо.

„Ќе играш со Роберто и со другите деца, но и со старата екипа во паркот. Но, на крајот сите ќе се уморат, а ти ќе продолжиш да играш. Погрижи се за твоето куче Бомбо секогаш да биде до тебе. Тоа е вистинско бразилско куча, па дури и кучињата во Бразил сакаат фудбал. Ќе ти биде одличен партнер за вежбање на дриблинзи, а можеби и прва жртва на твојот елестик“.

Во писмото пишуваше и за Меси.

„Во Барселона ќе чуеш за едно дете од младинскиот погон. Го носи бројот десет како и ти. Низок е и вешт е со топката исто како и ти. Ти и твоите соиграчи од првиот тим ќе одите да го гледате на натпреварите од помладите категории и веднаш ќе знаеш дека ќе биде голем играч. Тој е поинаков. Се вика Лео Меси. Дури и кога ти ќе заминеш меѓу фристајлерите во Барселона ќе остане тој Меси“.