Сите барем еднаш сме нашле влакно во храната – еве колку е штетно и опасно тоа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Многумина веднаш се згрозуваат и ја отфрлаат храната во која ќе најдат влакно, а прашање е колку мина од нас знаат дали и колку тоа, всушност, е штетно и опасно.

Кога ќе најдете влакно во јадењето, или пак на санитаријата во тоалетот или бањата, првото чувство кое ве обзема сигурно е гадење. Но, во суштина, тоа воопшто не е опасно за здравјето на човекот.

Коса во храната

Прво сме шокирани кога ќе најдеме туѓо влакно во својата чинија со јадење кое веднаш ни се згадува. Но, експертите за здравје велат дека нема потреба од никаков страв, паника и опасност од ширење на болести. Верувале или не, влакното се состои од протеин наречен кератин кој не пренесува патогени заболувања, пишува Popular Science. Здравствени проблеми нема да предизвика дури ни ако е контаминирано.

„Можно е бактеријата стаф, која предизвикува течна столица, да остане на влакното, но веројатноста за тоа е многу мала“, вели Марија Колавиченцо, дерматолог од факултетот Нортвестерн.

WC даска во јавен тоалет

WC даската во јавен тоалет? Прво што ви паѓа на памет во овој случај се многубројните болести и бактерии кои потенцијално се наоѓаат на истата.

Шансите да закачите бактерија како ешерихија коли. Во случај да седнете на таква WC даска, ќе ја допрете со кожата, а експертите велат дека бактериите многу тешко продираат низ човечката кожа. Потребен им е допир со слузот за да се пренесуваат, па поради тоа шансите за зараза се многу мали. Ако не се во допир со човечки организам, бактериите не можат долго да преживеат.

Многу е важно да ги измиете рацете и пред и после нуждата, поради допирањето на рачката од вратата и останатите предмети. Ако не ги измиете рацете, бактериите можете случајно да ги пренесете на слузот во устата.

Мува во храната

Апетитот веднаш ни спласнува кога ќе видиме бубачка или мува во супата или во некое друго јадење. Но, научниците наведуваат дека мувата воопшто не е штетна по здравјето на човекот. Ако случајно изедеме мува, единствено што може да се случи е да има добро влијание врз човечкиот организам бидејќи мувите се полни со протеини.

***