Системот паднат, УЈП ги продолжи роковите за поднесување даночни извештаи


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Роковите за поднесување на даночните пријави и на годишните даночни извештаи се продолжуваат за пет работни дена, информираат од УЈП.

Оттаму велат дека роковите се продолжени во согласност со Законот за даночна постапка, во услови на масовно, а отежнато поднесување даночни пријави и извештаи преку системот е даноци.

За ДДВ 04 пријава, крајниот рок за поднесување, 25 јануари, се продолжува за пет работни дена, односно до 1 февруари.

За годишните извештаи крајниот рок за поднесување, 31 јануари, исто така се продолжува за пет работни дена, односно за краен рок ќе се смета 7 февруари.

Системот на Управата за јавни приходи (УЈП) за поднесување годишни даночни пријави, но и системот преку кој се врши прием на декларации за плати не функционираат неколку дена, алармираа сметководителите.