Системот на ФЗО вратен во живот – од утре почнува исплатата на боледување и породилно отсуство


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После двонеделниот сајбер-напад кој целосно го направи нефункционален, системот на Фондот за здравство повторно е ставен во функција.

Оттаму велат почна исплатата на боледувањата, породилното остуство и рефундациите на средства.

Оваа информација ги смири лекарите и здравствените работници кои претходно најавија предупредувачки протест.

Парите за боледувања внесени во системот на Фондот за здравствено осигурување во периодот пред сајбер-нападот од утре ќе им бидат на сметките на осигурениците. Фондот попладнево извести дека почнала исплатата.

„Се очекува осигурениците етапно да ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и в среда. Тоа значи дека веднаш ќе почне исплатата на боледувањата што биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата што се доставени по овој датум ќе почнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата“, соопшти Фондот.

Речиси сите модули на системот, кој две недели беше под сајбер-напад, од Фондот велат дека се ставени во функција. Утрово се врати во функција „Мое осигурување“, а се работи на враќањето во функција и на ДРГ-системот, кој служи за евиденција на болничките услуги.

Кога ќе им бидат исплатени платите на здравствените работници, од Фондот не кажуваат и по денешните протести на дел од вработените во ГОБ „8 Септември“ и Геронтолошкиот завод.