Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Да, сиромаштијата ја поттикнува креативноста, а доказ за тоа ни е крадецот во Kина кој украде 800 метри бетонски асфалт и го продаде на фирма за градежништво за околу 600 евра.
До разјаснување дошло, кога жителите на селото Санкеш пријавиле дека исчезнал патот. Селаните прво помислиле дека патот се обновува, но полицијата наскоро потврдила за што се работи.
Иновативен маж изнајмил градежен алат и отсекол 800 метри од асфалтот и блоковите ги ставил во камионот кој дошол од откупната компанија. Вкупно препродал околу 500 тони бетон.
Кинеските корисници на интернетот масовно го коментирале овој негов чин. „Сиромаштијата ја поттикнува креативноста“ напиша еден, а друг сугерираше дека „најпримерна“ казна за сторителот е сам да го поправи тоа.