СИРИЈА БЛИСКУ ДО СП: Татковината им е разрушена, но сонот се уште живее!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Оддалечени илјадници километри од војната која ја „распарчи“ нивната татковина, репрезентативците на Сирија се на прагот на еден од најголемите спортски подвизи. Натпреварите не можат да ги играат дома, бидејќи поголемиот дел Сиријци практично немаат сопствен дом.

Сирија домашните натпревари ги игра во југоисточна Азија, често не пред повеќе од 500 гледачи. Сепак, во такви невозможни услови Сирија со победата над Катар од 3:1 дојде многу блиску до Светското првенство.

Сиријците во девет кола постигнаа само седум гола, но благодарение на неверојатната одбрана, која прими само 6 гола, на коло пред крај се наоѓаат на третото место кое води во бараж против четвртопласираната од КОНКАКАФ зоната.

За да го задржат третото место во групата Сиријците ќе имаат тешка задача, треба да остварат добар резултат во Техеран против непоразениот Ирак.

Сепак, со оглед на околностите и целата политичка и воена ситуација, веројатно целиот фудбалски вет ќе навива за нив!