Синот од Гордана Силјановска свири кавал во парк и собира добротворни прилози


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Синот на претседателската кандидатка од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, беше фотографиран како свири кавал во парк, собира парички како доброволен прилог и отпосле им ги дели на дечиња, вчера објавија неколку македонски медиуми.

Објавата погоре предизвика револт на социјалните мрежи заради зајадливиот коментар кој е пишан на фотографијата од страна на објаувачот.

Втората фотографија е направена минатата година во мај, од страна на Соња Маџук, која и тогаш, а и вчера ја сподели на Фејсбук. Истата стана актуелна после нејзиното второ споделување од страна на Маџук, после што беше преземена од повеќето портали. Гестот на дечкото предизвика разни реакции и коментари на социјалните мрежи, од кои повеќето беа позитивни и добронамерни.