Синот од Бекам ги разлути фановите со тетоважата: „Дали мораше така да не вреѓаш?“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Девјид Бекам својот син Бруклин за неговиот роденден го почести со тетоважа. Она што ниту таткото, ниту пак синот го очекуваа беше вистинската мала побуна против тетоважата на социјалните мрежи.

18-годишниот Бруклин за тетоважа избра глава од индијански поглавар која ја смести на подлактицата. Откако својата прва тетоважа гордо ја покажа на Инстаграм, реакциите кои ги доби на истата не беа баш онакви на какви се надеваше.

A post shared by bb (@brooklynbeckham) on

Добро, некои од пријателите му ја пофалија, но многу повеќе во очи паѓаат коментарите кои тетоважата ја сметаат за навредлива.

A post shared by bb (@brooklynbeckham) on

„Не ви е доста што ги користите нашите украси за глава и воените бои како декорација, сега мораше да си ставиш и тетоважа од Индијанец на раката бидејќи ние сме ’силни и стоици’, па очигледно не сме способни сами да си се претставиме“, беа зборовите од еден пријател, додека друг едноставно праша:

„Зошто мораше така да ги навредиш Индијанците?“

„Американските домородци не се естетски додаток, тие се вистински луѓе, а ти ги користиш како украс на својата кожа бидејќи изгледа згодно“, продолжи трет.

Сепак, не беа сите Индијанци навредени од оваа слика.

„Убаво е да се види дека некому му се допаѓа мојата култура“, заклучи еден од пријателите.