Синот на Пеле 13 години во затвор!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Синот на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Пеле, 46-годишниот Едињо ѝ се предаде на полицијата откако апелациониот суд пресуди дека мора да оди во затвор 13 години поради перење пари заработени од трговија со дроги.

Едињо во 1990-те го бранеше голот на трофејниот бразилски клуб Сантос, во кој светската слава ја стекна неговиот татко, а во во јуни 2014 година беше осуден на 33 години затвор.

Неговите адвокати во петокот изјавија дека нивната жалба е делумно прифатена па на Едињо казната му е намалена на 12 години и десет месеци.

„Лут сум и фрустриран. Требаше да ме ослободат бидејќи сум невин. Осуден сум за перење пари, иако не постои ниеден доказ против мене. Единствен аргумент на судот беше моето пријателство со некои од осудените, а тоа не го криев“, рече поранешниот фудбалер.

Меѓу осудените сега има уште четворица мажи, меѓу кои и локалниот крал на дрогата Роналдо Дуарте Барсоти, попознат како Налдињо, кој е осуден на 33 години затвор.

Пеле играше 18 години за Сантос и во кариерата постигна повеќе од 1.200 голови. Едињо е негов син од првиот брак во кој доби и две ќерки. Од вториот брак доби близнаци, син и ќерка, а од вонбрачните врски има уште две ќерки.