Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Син на арапскиот шеик Хамадан бин Зајед Ал Нихијан, со луксузна јахта во сопственост на неговиот татко долга 141 метар впловил во Дубровник и заминал на забава со убаво друштво во популарниот клуб „Culture Club Revelin“ во стариот дел на градот. На крајот од забавата, тој одбил да ја плати сметката од 50 000 евра, пренесува „Дубровачки дневник“.
Весникот повикувајќи се на свои извори пренесува дека богатиот наследник ги честел хостесите во клубот и големото друштво со скап шампањ, а кога одбил да ја плати високата сметка, морала да интервенира и полицијата.
Синот на шеикот наводно одбил да плати дел од сметката кој се однесувал на пијалаци кои тој не ги нарачал, шампањот за хостесите, поради што прво реагирало обезбедувањето а потоа и полицијата која ги привела младиот маж.
Весникот повикувајќи се на анонимен очевидец на настанот пренесува дека синот на шеикот потоа, со помош на другите гости, сепак ја платил сметката во вредност од 375 000 куни, (околу 50 000 евра).
Синот на шеикот од Емиратите и пред две години летувал во Хрватска, а богатството на неговото семејство се проценува на околу 10 милијарди долари.