Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Давид Круљац, син на генералот во пензија Младен Круљац, е осуден на една година затвор поради поседување на еден куп дрога.
Но, казната затвор беше заменета со општокорисна работа и парична казна. Наместо решетки, Круљац јуниор останува на слобода, одработувајќи општокорисна социјална работа, пренесува Index.hr.
Дрога и пари за Том Форд
Давид Круљац е осуден на 13 јули оваа година. Четири месеци пред пресудата, додека уште траеше истрагата против него, татко му Младен Круљац, бивш генерал на хрватската копнена војска, сега во пензија, седеше на пијачка со Министерот за внатрешни работи.
26-годишниот Давид беше уапсен во август, минатата година, а загребската полиција во станот му најде 4,5 килограми марихуана, 28 грама кокаин, 10.500 куни и 117.000 евра. Исто така, му најдоа и дигитална вага и уред за пресување.
Синот на бившиот генерал заврши во истражен притвор, а пред судот се бранеше дека дрогата и парите му ги чувал на извесен Том Форд, државјанин на Србија, кој во замена за чувањето наводно му ветил парична награда.
Давид правосилно беше осуден во јули оваа година, од страна на Општинскиот казнен суд во Загреб, а затворската казна договорно му беше заменета со општокорисна работа и парична казна од 200.000 куни.
Круљац сениор на пијачка со министерот за внатрешни работи
Неколку месеци пред пресудата за Давид, татко му Младен беше фотографиран како седи на пијачка со хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ. Хрватски Index објави фотографија од нив двајцата во едно загребско кафуле, направена на 11 март.
„Случајна средба на јавно место“
Со оглед на фактот дека во моментот на нивната средба во тек била истрагата за сега веќе осудениот Давид, на прашање од страна на споменатиот хрватски портал до хрватското МВР дали тие двајца и вообичаено се дружат така и дали нивниот неформален состанок има врска со (тогаш) актуелната истрага за Круљац јуниор, од министерството добиле одговор:
„Ве известуваме дека министерот за внатрешни работи на Република Хрватска, д-р спец. Давор Божиновиќ, минатиот викенд случајно се сретнал со господинот Младен Круљац со кого се познаваат од времето додека Давор беше министер за одбрана на Хрватска.
Повторуваме, станува збор за случајна средба која се случила на јавно место“.
Божовиќ, инаку, беше министер за одбрана на Република Хрватска од 2010 до 2011 година. Интересен податок кој го пренесува Index е дека кафулето во кое „случајно“ се сретнале се наоѓа на истата адреса, во истата зграда како и станот во кој живее министерот Божиновиќ.
Пресуда после „случајната“ средба и пијачката
На прашање од Index до министерот Божиновиќ и министерот Бошнаковиќ (хрватски министер за правда) како ја коментираат пресудата за Давид Круљац од страна на Општинскиот казнен суд и дали „случајната“ пијачка на Младен Круљац и Божиновиќ има врска со изречената пресуда. Одговор досега немаат добиено.