Синоќа уапсен бившиот директор на УБК Владимир Атанасовски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По барање на Јавното обвинителство, синоќа беше уапсен бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски, за кого обвинителката Вилма Русковска побара одредување на мерка притвор.

Неговото апсење доаѓа по завчерашното сведочење на браќата Стефан и Михаил Младеновски, кои давајќи ја својата одбрана, како обвинети за „27 април“, како еден од организаторите на упадот во Собранието го посочија Атанасовски.

Атанасовски е обвинет за „здружување заради непријателска дејност“. На чело на УБК дојде во 2016 година, кога на таа функција го замени Сашо Мијалков.