Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во инцидентот кој синоќа се случи во кумановската населба Диво насеље, после расправија меѓу две семејства, дојде до престрелка од која неколку лица завршија со полесни повреди, а едно лице со потешки, кое подоцна им подлегна на раните во скопскиот Клинички центар каде што почина.
Лицето кое што синоќа беше погодено од огнено оружје во пукањето во кумановската населба Диво Насеље, им подлегна на повредите во Клиничкиот центар во Скопје, објави ТВ21. Оваа вест ја потврдија и од болницата.
На инцидентот му претходела вербална расправија помеѓу две семејства. Престрелката се случила во 18:40 минути во близина на основното училише „Вук Караџиќ“.
Увид на местото на престрелката извршија обвинител и екипа од СВР Куманово.