Синоќа повторно нападнат лекар во „8 Септември“ – персоналот на протест кај директорот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според информациите кои ги пренесува порталот „360 степени“, синоќа во Одделот за интензивна нега на болницата „8 Септември” се случил нов напад на лекар, поради што персоналот од ова одделение утрово протестира пред канцеларијата на директорот Христијан Костов.

Синоќа персоналот на ова одделение бил нападнат од роднини на починат пациент. Инцидентот се случил вечерта, а интервенирала и полицијата.

„Не знаевме од која страна ќе не удрат, можеа пиштол да ни извадат. Џабе ми е изјава, џабе ми е сè“, коментира дел од персоналот и бара сериозна безбедносна заштита.

Во моментов е во тек состанок на претставници на Синдикатот со директорот.