Синоќа акција со апсења во Чаир, Бит Пазар и Арачиново


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вчера вечерта сили на МВР врши голема полициска акција со апсења на неколку локации во Скопје.

Припадници на специјалните единици на МВР, во текот на изминатата вечер и ноќ, изведоа обемна акција за апсење и сузбивање на шверц со дрога.

Како што се дознава неофицијално, претресени се повеќе локции и домови во скопско Арачиново, Сингелиќ и Гази Баба.

Уапсени се неколку лица поврзани со шверц со дрога, а неколку успеале да избегаат. Според неофицијални информации, се работи на разбивање на групи од подземјето, познати на полициските органи.

МВР најави дека во текот на денот ќе одржи прес конференција на која ќе ги изнесе деталите од оваа обемна акција.